Дописници МКДОпштински вестиХроникаХроника.Портал

Жител на Радолишта му се заканувал на соселанец пред неговата куќа

Дваесет и осумгодишен жител на струшкото село Радолишта му се заканувал на семејството на негов соселанец, соопшти СВР Охрид.

Струга, 25 април 2019 (МИА) – Дваесет и осумгодишен жител на струшкото село Радолишта му се заканувал на семејството на негов соселанец, соопшти СВР Охрид.

Според информацијата на полицијата, синоќа во 22 часот и 30 минути било пријавено дека пред куќата, сопственост на Н. К.(49) во селото Радолишта, бил нарушен јавниот ред од И. Л.(28) од истото село.

– И. Л. упатувал закани кон семејството на Н. К., а потоа скршил порозорци од куќата. Лицето е приведено во Полициската станица во Струга и против него ќе биде поднесена соодветна пријава, појасни портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. сс/дма/

Back to top button
Close