0_Македонија.ПорталПолитика

Жерновски се сретна со претставници на австриската Зелена партија

Австрија даде силна и конструктивна поддршка за земјава за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската унија, изјави денеска заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски на средба со претставниците на австриската Зелена партија. Тој ја истакна важноста на австриската поддршка пред јунскиот Самит на ЕУ. 

Скопје, 15 април 2019 (МИА) – Австрија даде силна и конструктивна поддршка за земјава за време на нејзиното претседавање со Советот на Европската унија, изјави денеска заменик министерот за надворешни работи Андреј Жерновски на средба со претставниците на австриската Зелена партија. Тој ја истакна важноста на австриската поддршка пред јунскиот Самит на ЕУ.

За време на средбата беше поздравена одличната билатерална соработка меѓу двете земји од аспект на интензивниот политички дијалог и засилената парламентарна соработката со реализирање на тековни проекти.

Информираше за внатрешно-политичките состојби во Северна Македонија, за претседателските избори, како и за амбициозната агенда на Владата во поглед на исполнувањето на реформите во судството, борбата против корупцијата, медиумите и разузнавачките служби.

Претставниците од Зелената партија се осврнаа на билатералните односи меѓу двете земји, кои се развиваат со силен интензитет во повеќе општествени сфери на делување. Изразија поддршка на надворешно – политичките приоритети на Република Северна Македонија, посебно во делот за добивање одлука за почеток на преговори на претстојниот Самит на ЕУ. ац/скс/

Back to top button
Close