ЕвропаЕвропа.Портал

Зеленски ќе бара предвремени избори ако стане претседател на Украина

Украинскиот претседателски кандидат Володимир Зеленски, кој е фаворит во вториот круг од изборите кој ќе се одржи в недела, денеска изјави дека би сакал да свика предвремени парламентарни избори доколку победи.

Киев, 18 април 2019 (МИА) – Украинскиот претседателски кандидат Володимир Зеленски, кој е фаворит во вториот круг од изборите кој ќе се одржи в недела, денеска изјави дека би сакал да свика предвремени парламентарни избори доколку победи.

Зеленски, популарен комичар кој води според анкетите направени во пресрет на вториот круг в недела, во интервју за украинската Интернет страница РБЦ изјави дека ќе инсистира на предвремени парламентарни избори.

Врховната Рада (украинскиот Парламент) ја контролира владејачката партија на актуелниот претседател Петро Порошенко, а следните парламентарни избори би требало да се одржат кон крајот на октомври.

Зеленски рече дека предвремените парламентарни избори се дел од неговата идеја за „обнова“ на владејачката елита на земјата, но призна дека би можеле да поминат месеци додека тоа не се случи.

Последните испитувања на јавното мислење покажуваат дека Порошенко многу заостанува зад Зеленски. јт/

Таг
Back to top button
Close