0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталПолитикаПретседателски избори 2019

За Пендаровски масовното гласање значи поддршка на концептот за НАТО и ЕУ, Силјановска ја продолжува трката по гласовите на неопределените

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски синоќа од Прилеп порача дека масовното гласање во вториот круг од изборите значи поддршка на концептот за НАТО и ЕУ и конечно, по 10 години, да добиеме вистински претседател на државата. Неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова, пак, рече дека ја продолжува трката во потрага по гласовите на неопределените.

Скопје, 25 април 2019 (МИА) – Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски синоќа од Прилеп порача дека масовното гласање во вториот круг од изборите значи поддршка на концептот за НАТО и ЕУ и конечно, по 10 години, да добиеме вистински претседател на државата. Неговата противкандидатка Гордана Силјановска Давкова, пак, рече дека ја продолжува трката во потрага по гласовите на неопределените.

-На 5 мај битно е да излеземе масовно на избори зашто најбитен е концептот кој го поддржуваме јас, премиерот и владејачката структура зашто се води државата во НАТО и во ЕУ. Иако 30 години сите генерации на етникуми кои живеат во земјава сакаа да ја видат земјава во НАТО, и ЕУ, оваа генерација може да го оствари тој сон. Само овој концепт, ако добие ваша поддршка на 5 мај, ја носи Македонија во друштвото на развиени земји, рече Пендаровски на трибина во центарот на Прилеп.

Масовното гласање, додаде, значи дека никогаш повеќе во оваа земја нема да се врати режимот на Груевски и на фамилијата.

-Верувам и луѓе кои гласале за ВМРО-ДПМНЕ не сакаат тие времиња да се вратат. Груески ќе се врати само да отслужи казна затвор. Со масовното гласање на 5 мај, ние конечно, по 10 години, ќе добиеме претседател на државата. Во последните осум години немавме претседател кој ќе ја почитува правната држава и ќе работи за своите граѓани. Затоа, со масовно гласање на 5 мај, сите ќе добијат претседател од кој нема да се срамат, рече Пендаровски пред прилепчани.

Силјановска Давкова, која ја откажа синоќешната трибината во скопски Аеродром, порача дека по добивањето на резултатите од првиот круг се забележува очекувана и силна нервоза кај власта.

-Резултатот е загрижувачки и опоменувачки и во друга земја можеби власта веднаш би распишала предвремени парламентарни избори. Ја продолжувам трката во потрага по гласовите на неопределените, на оние од Бојкотирам, на оние кои можеби со право се оддалечиле од ВМРО-ДПМНЕ во претходниот период, но сега гледам дека се враќаат, а сигурно не се враќаат заради можни привилегии, туку за да помогнат во реформскиот процес, истакна Силјановска Давкова.

За обвинувањата дека нејзината победа би значела враќање на режимот, рече дека никогаш не била член на ВМРО, ниту нивен советник, дека била сменета за време на нивно владеење од Венецијанската комисија и дека дури била на спротивната страна при донесувањето на Законот за високо образование. вј/мч/

Back to top button
Close