0_Македонија.ПорталОпштество

Во МАНУ предавање на професорот Луис од Оксфорд, за примената на информатички алгоритми

Примената на информатичките алгоритми за да се појасни ефикасноста на длабокото учење, е темата на денешното предавање на професорот Ард Луис од Универзитетот Оксфорд, во организација на Истражувачкиот центар за компјутерски науки и информатички технологии при Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ.

Скопје, 25 април 2019 (МИА) – Примената на информатичките алгоритми за да се појасни ефикасноста на длабокото учење, е темата на денешното предавање на професорот Ард Луис од Универзитетот Оксфорд, во организација на Истражувачкиот центар за компјутерски науки и информатички технологии при Академијата на науките и уметностите на Република Северна Македонија – МАНУ.

Професорот Луис предава теоретска физика на Универзитетот во Оксфорд. Неговата истражувачка група работи интердисциплинарни истражувања, на границата меѓу теоретска физика и хемија, применета математика и биологија.

Заедно со неговата истражувачка група, работат во полето на комплексно однесување што се појавува како резултат на интеракција меѓу различни објекти. Специфични области кои се од интерес вклучуваат биолошки системи како на пример различни проблеми поврзани со ширење на вирус, наноструктура на ДНК, еволуција на генетски мрежи.

Едно од неговите хобиа е молекуларна гастрономија, која е применета наука во уметноста на готвењето. Неговиот Erdos-Bacon број е 6. нд/мч/

Таг
Back to top button
Close