Дописници МКДОпштински вести

Во кривопаланечкото средно училиште слободни 340 места за упис

Објавен е огласот за упси во кривопаланечкото средно општинско училиште „Ѓорче Петров“ во кое на првиот упсиен рок, 17 и 18 јуни, ќе можат да се запишат вкупно 340 ученици. Од вкупниот број слободни места за запишување во прва година во учебната 2019/2020 година, 170 места се во стручните паралелки и ист толкав број се во гимназиско образование.

Крива Паланка, 15 април 2019 (МИА) – Објавен е огласот за упси во кривопаланечкото  средно општинско училиште „Ѓорче Петров“ во кое на првиот упсиен рок, 17 и 18 јуни, ќе можат да се запишат вкупно 340 ученици. Од вкупниот број слободни места за запишување во прва година во учебната 2019/2020 година, 170 места се во стручните паралелки и ист толкав број се во гимназиско образование.

– Покрај во гимназиско образование, нашата гимназија нуди четири видови стручно-обраование во вкупно пет паралелки и тоа: машинска струка со слободни 68 места од кои 34 во четири години – машински техничар и автомеханичар ,тригодишно траење, 34 места, а слободни се по 34 места и во електротехничка струка- електротехничар за компјутерска техника и автоматика, угостителско – туристичка струка, насока готвач/келнер, тригодишно траење и текстилно-кожарска струка, насока конфекционер, тригодишно траење, информира директорката на СОУ „Ѓ.Петров“, Габриела Стаменковска.

Во гимназиско образование се достапни следните насоки: природно-математичко подрачје, општествено-хуманистичко подрачје и јазично-уметничко подрачје, сите со комбинација А и Б.

Согласно условите за зашишување на учениците во учебната 2019/20, истите треба да имаат завршено основно образование, да не се постари од 17 години и да се определиле за план и програма согласно арспишаниот конкурс на училиштето.

Ученици од ромската етничка заедница може да се запишат ако имаат до десет отсто помалку поени од бројот на поените предвидени согласно огласот за соодветни наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаење и вештини во училиштето.

Пријавување и запишување на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања, две пријавувања во месец јуни, 17 и 18, како и едно пријавување во јули 2019 година.

Доколку во училиштето се пријават поголем број ученици од планираниот број, со еднаков број поени, ќе се организира квалификационо тестирање од предмети значајни за струката и тоа на 21 јуни 2019 година, а резултати ќе се објават на 29 јуни 2019 година. Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2019 година, а третото на први јули 2019 година.

Доколку има слободни места, на 26 август 2019 година ќе се спроведе запишување на учениците кои се упатени на поправен испит, испит на година или испит за побрзо напредување и тоа со доставување соодветна доказна документација. ид/нд/

Back to top button
Close