Дописници МКДОпштински вести

Во Крива Паланка почна проектот „Спорт за сите”

Проектот „Спорт за сите", што Здружението за унапредување на родова еднаквост ТАКТ го спроведува во партнерство со Општина Крива Паланка и локалната мрежа  „Спорт за развој” денес официјално беше промовиран со првата работна средба во Крива Паланка.

Крива Паланка, 23 април 2019 (МИА) – Проектот „Спорт за сите”, што Здружението за унапредување на родова еднаквост ТАКТ го спроведува во партнерство со Општина Крива Паланка и локалната мрежа  „Спорт за развој” денес официјално беше промовиран со првата работна средба во Крива Паланка.
Проектот се однесува на социјална инклузија на младите преку спорт и ќе се реализира во наредните шест месеци, финансиски  поддржан од Германското друштво за меѓународна соработка ( ГИЗ).
-Проектот има цел да ја подобри социјалната инклузија на маргинализирани млади и пристапот на младите до спортски установи и локации, како и зголемување на можностите за спорт преку креирање спортска програма.Вклучени на локално ниво ќе бидат: основните и средното училиште, ученичкиот дом, портските клубови, младинските организации, со цел да се создаде одржлива база на спортски ментори. Предвидено е уредување и одржување на урбаните локации за спорт и дружење на младите, поставување спортски реквизити и организирање настани кои ќе вклучат што поголем број млади од градот, изјави Магдалена Спасовска, извршна директорка на ТАКТ.
Според проекциите на активностите, предвидени се низа обуки за ментори од училиштата и спортските клубови, едукација на млади лидери, спортски кампови, отворени споротски денови.
-Крајна цел е да се употреби спортот како моќна алатка за развој на заедницата и инклузија. Најважен партнер е општината, потоа партнерството со кошаркарски клуб Крива Паланка и целокупната локална мрежа „Спорот за развој” кои ги вклучуваат сите важни спортски актери на локалната заедница со директен импакт врз младите од седум до осумнаесет години, додаде Спасовска.
Градоначалникот Мицевски рече дека само преку вакви активности со директна вклученост на раководните лица од спортскиот сектор и спортските работници од образовниот систем ќе се засилува капацитетот на младите преку спорт,со нивна поголема активност што подразбира и поголем развој на заедницата.
– Ги повикувам сите деца, младинци, кои не се занимаваат со спорт,да се вклучат во активностите кои претстојат, почнувајќи од првомајскиот крос, се до камповите, работилниците,со цел градење спортски,фер-плеј дух, што придонесува за облагородување на човековиот дух, она што е круцијално за понатамошна правилна насоченост и целосна интеграција во општеството, изјави Мицевски.
Со проектот „Спорт за сите” ќе се подобри комплетно достапноста на спортот и спортските содржини до сите маргинализирани групи на млади, преку креирање одржлива мрежа на локални партнери, ќе се подобрат капацитетите на младинските и спортски работници, едуцираните тренери – ментори ќе продолжат со менторство во останатите градови од државата и ќе се крене свеста на локално и национално ниво за бенефитите од креирање инклузивна заедница со помош на спортот како алатка.
Проектот се имплементира како дел од широката Балканска мрежа од програмата спорт за развој на ГИЗ што се реализира за првпат на регионалните простории: Северна Македонија, Косово, Албанија и Србија, претставувани со општините Крива Паланка, Косово Поле, Фирмата и Нов Белград, а на мрежата се приклучи и Република Босна и Херцеговина. ид/фф/

Таг
Back to top button
Close