Дописници МКДКултураКултура.ПорталОпштински вести

Во Крива Паланка изведена детската претстава „Волшебниот часовник“

Театарот за деца и младинци од Велес ги развесели најмладите жители на Крива Паланка со детската претстава „Волшебниот часовник" со гостување во Центарот за култура и во детската градинка „Детелинка".

Крива Паланка, 11 април 2019 (МИА) – Театарот за деца и младинци од Велес ги развесели најмладите жители на Крива Паланка со детската претстава „Волшебниот часовник” со гостување во  Центарот за култура  и во детската градинка „Детелинка”.
Претставата „Волшебниот часовник”, дело на рускиот автор Сергеј Аксаков, е едукативна поучна приказна за годишните времиња претставувани од нивниот стар, но умен господар. Во неа како ликови се појавуваат: Златната есен, Пеце Малерот и Лошко Добриот кои низ дејството им пренесоа важна порака на дечињата од предучилишна и школска возраст дека секој човек може да биде подобар и корисен за себе и другите.
„Волшебниот часовник” е во изведба на ансамблот на велешкиот Театар за деца и младинци сочинет од Драган Миладиновски, Младен Крстевски, Слободанка Чичевска, Ане Павлов, Кирил Гравче и Димитриа Марковски. Режисер на претставата е Младен Крстевски.ид/лв/

Back to top button
Close