0_Магазин.ПорталДизајн

Во Дубаи претставена суперјахтата „Есквел“

Холандската компанија „Оушн-ко“ на Саемот за наутика во Дубаи ја претстави новата суперјахта „Есквел“, долга 105 метри и со дизел-електричен погон.

Дубаи, 15 април 2019 (МИА) – Холандската компанија „Оушн-ко“ на Саемот за наутика во Дубаи ја претстави новата суперјахта „Есквел“, долга 105 метри и со дизел-електричен погон.

Пловилото го доби името по еден метеорит, а со својот изглед потсетува на „реквизит“ од филмовите за Џејмс Бонд. Со едно полнење може да мине 7.000 милји.

– Ова е совршен спој на експедициско пловило и суперјахта. „Есквел“ го нуди најдоброто од двбете, изјави претставник на „Оушн-ко“.

Јахтата е опремена со моторни санки, нуркачка опрема, водни скутери, теренски возила, хеликоптер и две подморници, а на главната палуба има затворен базен.

Сепак, јахтата не е наменета само за забава, па може да се користи и за научни експедиции, на пример, на коралните подрачја.

– Внатрешноста на јахтата е уредена така што да го отсликува животот и домот на млад истражувач. Може да се користи за истражување на најоддалечените подрачја во светот, од Северниот Леден Океан до Јужниот Пол, се додава во соопштението на компанијата.

Цената на „Есквел“ сè уште не се соопштува. си/сп/

Таг
Back to top button
Close