Политички партии

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Пендаровски ја уништија економијата

Зоран Заев и Стево Пендаровски ја уништија економијата.

Скопје, 29 април 2019

Зоран Заев и Стево Пендаровски ја уништија економијата.

Република Македонија тоне со СДСМ на власт. Нема семејство во државата кое не се соочува со проблеми предизвикани од оваа власт.

500.000 граѓани живеат на прагот на сиромаштија.

Власта наместо да создава можности за развој, дополнително ја урнисува државата.

И додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, криминалниот картел на власта се богати.

Над половина милијарда евра изнесува новиот долг кој го направи оваа власт.

Долгот порасна и ја надмина психолошката граница од 50%, а граѓаните не знаат на што се потрошени нивните пари.

Половина милијарда евра, со камати треба да бидат вратени за пет или десет години, а капитални инвестиции нема, нема нови патишта, нема инфраструктурни објекти.

Нивото на реализација на капитални инвестиции е само 6% за првите три месеци од годината.

Според досегашниот тек, оваа година ќе биде уште полоша и од претходната.

Со СДСМ државата само заглавува. Глас за Стево Пендаровски е глас за Зоран Заев, за да продолжи негативниот тренд во економијата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close