Политички партии

Мицкоски оствари средба со граѓаните на Општина Вевчани

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со граѓаните на Општина Вевчани.

Скопје, 2 април 2019

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со граѓаните на Општина Вевчани.

Мицкоски посочи дека граѓаните и државата се соочуваат со голема неправда од Зоран Заев и неговата влада., односно дека токму овие претседателски избори се шансата да се даде жолт картон на ова што се случува о моментот а кое што го прави Заев и СДСМ, а со тоа ќе се отвори патот кон предвремени парламентарни избори.

Правдата во Македонија има непријател и тој се вика Зоран Заев. Тој заедно со неговите луѓе се носители на неправдата во нашата држава. На овие избори да им дадеме жолт картон, пред исклучување. Зошто ако не, ќе мислат успеале да ве измамат и им поминало, вели Мицкоски.

Претседателот Мицкоски побара поддршка за кандидатот за Претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова истакнувајќи дека токму таа е личноста која ќе ја заштити правдата и интересите на Република Македонија.

На Македонија и треба надеж, таа надеж се вика правда за Македонија. Јас верувам во таа надеж, верувајте и вие, заедно ќе се избориме. Дојде тоа време кога цврста жена како Гордана Силјановска Давкова треба да ја штити правдата и интересите на државата. Претседателка која ќе се стави крај на демакедонизацијата, ќе биде на страната на правото и правдата, која ќе се бори за закони во рамките на Уставот, која ќе гради дипломатија базирана на компетенции. Да се избориме за правда за Македонија. Татковината повикува, кажа Мицкоски.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

____________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Back to top button
Close