Дописници МКДКултураКултура.Портал

Велигденски и џез-концерт во Куманово во рамки на „Куманово – град на културата“

Традиционалниот Велигденски концерт во Куманово ќе се одржи утре во Соборниот Храм Свети Никола, најавија на денешната прес-конференција, надлежните од секторот и од Фондацијата за култура и спорт од општина Куманово. Пред кумановци со почеток во 19:00 часот, ќе настапи хорот „Свети Нектариј“ од Битола.

Куманово 18 април 2019 (МИА) – Традиционалниот Велигденски концерт во Куманово ќе се одржи утре во Соборниот храм „Свети Никола“, најавија на денешната прес-конференција надлежните од секторот и од Фондацијата за култура и спорт од Општина Куманово. Пред кумановци со почеток во 19:00 часот ќе настапи хорот „Свети Нектариј“ од Битола.

-Станува збор за традиционална манифестација, Велигденски концерт. Ги покануваме граѓаните да уживаат во композициите што ќе ги изведе хорот, најави директорот на фондацијата, Нино Величковски.

На 24 април, во 20 часот, пак, во Занаетчискиот дом концерт ќе одржи бендот на Филип Стевановски.

Надлежните најавија дека наредниот период ќе се одржат превидените манифестации од програмата за култура, во рамки на редовната годишна програма и во рамки на „Куманово, град на културата“.

Раководителите на секторот и на фондацијата, Цоки Ристовски и Нино Величковски, повторија дека од Министерството за култура добиле три милиони денари за одржување на настаните од програмата „Куманово – град на културата“ и потсетија дека се собарани средства од Владата, за, како што рекоа, достојно одбележување на програмата и пет века постоење на Куманово.

Поголем дел од настаните ќе се одржат во втората половина од тековната година.ам/скс/

Back to top button
Close