ЕвропаЕвропа.Портал

Украина: Видео порака од Зеленски против билбордите на Порошенко

Кандидатот на претседателските избори во Украина, комичарот Володимир Зеленски, емитуваше нова видео порака, како одговор на повеќе од 2.000 билборди кои го прикажуваат актуелниот претседател Петро Порошенко лице в лице со рускиот претседател Владимир Путин.

Киев, 10 април 2019 (МИА)Кандидатот на претседателските избори во Украина, комичарот Володимир Зеленски, емитуваше нова видео порака, како одговор на повеќе од 2.000 билборди кои го прикажуваат актуелниот претседател Петро Порошенко лице в лице со рускиот претседател Владимир Путин.

Зеленски порача дека на изборите на 21 април, пред граѓаните ќе стои само еден избор, „минатото или иднината”.

-Уморни сме од чекање на оваа ера на алчност и богатење да и дојде крај, затоа мораме да бидеме обединети и да тргнеме напред, рече Зеленски.

Актуелниот претседател во кампањата како главен противник го посочи рускиот претседател, со што, всушност, сака да каже дека луѓето кои не гласаат за него всушност се за Путин.

Порошенко пред вториот круг од изборите на билборди го прикажа својот лик, лице в лице со претседателот на Русија, со слоган под сликата, „Пресуден избор” или „Изборот е ваш”.

Според украинскиот закон, рекламите не можат да прикажуваат фотографии на луѓе без нивна писмена согласност. Исто така е забрането прикажување на странски државјани во изборни цели.

По првиот круг на претседателските избори на 31 март, Зеленски освои 30,24 отсто од гласовите, додека Порошенко освои 15,95 отсто. ир/ссм/

 

Таг
Back to top button
Close