Дописници МКДОпштински вестиПретседателски избори 2019

Трендафилов на средба со жителите на Велгошти

Кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од редовите на Граѓанско деморкатската унија, Михаил Трендафилов - Нанче, заедно со претседателот на партијата, Петар Колев, и членови на партијата денеска го посетија манастирот Св. Петка во Велгошти.

Охрид, 14 април 2019 (МИА) – Кандидатот за градоначалник на Општина Охрид од редовите на Граѓанско деморкатската унија, Михаил Трендафилов – Нанче, заедно со претседателот на партијата, Петар Колев, и членови на партијата денеска го посетија манастирот Св. Петка во Велгошти.

Трендафилов притоа оствари средби со локални жители, со кои разговараше со нив за основните проблеми со кои што се соочуваат.

Нанче истакна дека еден од основните негови приоритети е општината да заживее, и освен традиционалниот да се развива и верски, рурален и авантуристички туризам. Трендафилов се интересираше и за ставот на граѓаните за предизборните ветувања на претходните градоначалници на Охрид за развојот на Велгошти.

Претседателот на ГДУ, Петар Колев, пред велгоштани истакна дека е време за промена, а не за замена, притоа барајќи ја поддршка за кандидатурата на Нанче. аб/дма/

Back to top button
Close