Дописници МКДОпштински вести

Тетовскиот регион брои 181.933 граѓани со право на глас

Во шестте општини на тетовскиот регион во недела на претседалските избори можност за гласање ќе имаат вкупно 181.933 граѓани со право на глас. Своето избирачко право ќе може да го остварат на вкупно 265 избирачки места.

Тетово 19 април 2019 (МИА) – Во шестте општини на тетовскиот регион во недела на претседалските избори можност за гласање ќе имаат вкупно 181.933 граѓани со право на глас. Своето избирачко право ќе може да го остварат на вкупно 265 избирачки места.

Најмногу избирачи има во општина Тетово, со 83.367 гласачи на 117 избирачки места. Следува Боговиње со 27.501 гласачи и 38 избирачки места. Во Желино општинска изборна комисија има 23.510 гласачки ливчиња, а бројот на избирачки места е 35.

Теарце брои 22.116 гласачи и 30 избирачки места. Во Брвеница има 24 избирачки места каде ќе може да гласаат 15.268 граѓани. Најмалку гласачи има во општина Јегуновце каде се регистрирани 10.171 гласач и 21 избирачко место.

– За општинската изборна комисија и утре ќе има работа. Претставници на комисијата ќе одат кај 14 граѓани кои се евидентирани како болни и изнемоштени со цел од дома да го остварат своето право на избор. Утре во текот на денот ќе се изврши достава на избирачкиот материјал до сите избирачки места, изјави Артан Адеми, претседател на ОИК Тетово. ас/бт/

Back to top button
Close