Дописници МКДОпштински вести

Светскиот ден на аутизам одбележан во Кривопаланечките училишта во селата Нерав и Огут

Учениците од подрачните училишта на основно општинско училиште „Јоаким Крчовски” во селата Огут и Нерав, за прв пат го одбележаа Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот, под мотото „Аутизмот не е попреченост, туку поинаква способност”.

Крива Паланка, 2 април 2019 (МИА) – Учениците од подрачните училишта на основно општинско училиште „Јоаким Крчовски” во селата Огут и Нерав, за прв пат го одбележаа Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот, под мотото „Аутизмот не е попреченост, туку поинаква способност”.
-Договорните наставници и учители денеска ги запознаа учениците со тоа што е аутизмот, какви се начините на вклучување на лицата со аутизам во секојдневието,во сите сегменти,а говореа и за тоа кои се десетте работи што секое лице со аутизам сака да ги знаеме за него. Во знак на поддршка на лицата со аутизам, учениците и наставниците носеа сини маички и со симболично фрлање балони го обоија небото во сино, информираат одговорните од ООУ ”Јоаким Крчовски”.
Посочија дека денеска учениците од најдалечните села од општината ја испратиле пораката „Да бидеме еднакви во различноста“  со надеж дека таа ќе допре и до најоддалечените срца. ид/сст/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close