0_Македонија.ПорталKultura.SlajderКултураКултура.Портал

Со музичка работилница се одбележуваат осум години од Спомен-куќата на Тоше Проески

Музејот, Спомен-куќа на Тодор Проески на Гумење во Крушево, денеска одбележува осум години од отворањето. По тој повод во Спомен-куќата на Гумење ќе се одржи музичка работилница на која ќе учествуваат реномирани и талентирани музичари и композитори.

Крушево, 25 април 2019 (МИА) – Музејот, Спомен-куќа на Тодор Проески на Гумење во Крушево, денеска одбележува осум години од отворањето. По тој повод во Спомен-куќата на Гумење ќе се одржи музичка работилница на која ќе учествуваат реномирани и талентирани музичари и композитори.

Свои композиции ќе изведуваат музичарите Славчо Спироски Слав, композитор изведувач. Владимир Јовановски, виолинист, како и музичарот Ванчо Петров.

Според директорката на Спомен-куќата, Елена Мирчевска, Музејот е отворен на 25 април 2011 година. Досега го посетиле 650.000 гости од кои 30 отсто од странство, посебно од балканските и европските земји.

-Во Спомен-куќата на една од најголемите балкански музички ѕвезди Тоше Проески се изложени околу 350 експонати, негови автентични предмети. Поставките се менуваат на денот на роденденот на Тоше и на денот на трагичниот настан, 16 октомври. Ова се дел од годишните активности на Музејот за негова промоција и популаризација, пред сè, за раскажувањето на приказната за битисувањето на еден човек кој има само датум на раѓање, вели Мирчевска, нагласувајќи дека за годишнината на Музејот е изработена специјална плексиглас-рамка со алуминиумски светлечки лајсни. Посебно е изгравирана песната на музичарот Слав, инспирирана од насловите на песните на Тоше Проески. ем/мч/

Back to top button
Close