СветСвет.Портал

Снежна бура во САД: Забележан и редок феномен на снег со грмотевици

Силна пролетна снежна бура ги зафати централните држави на САД, а локалните медиуми потсетуваат дека ова е втор циклон кој поминува низ областа за само еден месец.

Денвер, 11 април 2019 (МИА) – Силна пролетна снежна бура ги зафати централните држави на САД, а локалните медиуми потсетуваат дека ова е втор циклон кој поминува низ областа за само еден месец.

Стотици летови се одложени, а некои патишта се непроодни или затворени поради сообраќајни незгоди, но и поради намалена видливост.

Според некои метеоролози, бурата може да се нарече “историска”, затоа што се очекува да донесе невообичаено големо количество снег во средината на април, па дури и да урне некои рекорди.

Брзината на ветровите веќе достигнува повеќе од 80 километри на час. Предупредувања за опасно време се издадени за најмалку шест држави од Колорадо до Минесота.

Државните институции во Јужна Дакота се затворени, училиштата исто така не работат. Многу домаќинства немаат електрична енергија. Во државата е забележан и редок феномен на снег со грмотевици.

Во Минесота, Националната гарда е во состојба на зголемена готовност за да помогне доколку ситуацијата се влоши и има луѓе во неволја. јт/

Таг
Back to top button
Close