ОТС

Системски решенија за решавање на проблемите на Ромите

Број на објава:614/04/19
Датум: 12.04.2019 
Клучни зборови:Роми

12.04.2019, Скопје – Само 2.1 отсто од децата Роми се вклучени во предучилишното образование во Република Северна Македонија, но оваа бројка ќе се зголемува. Ова, денеска, го изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска на трибината „Предизвици и можности за деца и млади Роми“, организирана од Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ), заедно со Здружението на граѓани „Ромаверзитас“, Асоцијацијата за демократски развој на Ромите „Сонце“ и Ромскиот Ресурсен Центар во рамки на регионалниот проект „Зголемени образовни можности за учениците и млади Роми во Западен Балкан и Турција.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска истакна дека Министерство за труд и социјална политика направи освежување на системот, затоа што сите реформи кои ги реализираме се однесуваат најмногу на сиромашните граѓани „Република Северна Македонија има само 30% од деца опфатени во предучилишното образование, односно тоа значи и помал број вклучени деца Роми од 2,1 отсто. Затоа, одлучивме да го зголемиме капацитетот на прием на деца Роми во градинките, доколку го почитуваме нашиот човечки капитал како држава. Сите деца Роми, системски, ќе се вклучат во градинките и тоа ќе биде финансирано од државата. Ова е одличен старт за системско образование, за што имаме целосна поддршка од сите клучни чинители во државата и сме следени од меѓународната заедница“, рече министерката Мила Царовска.

Царовска уште еднаш ги повика пратениците да ја изгласаат социјалната реформа бидејќи со неа конечно, државата ќе трансферира пари до најсиромашните.

„Кога ќе ја земете в предвид статистиката, меѓу најсиромашните граѓани има многу Роми. Тоа значи дека системот не дал еднаков пристап на сите граѓани, што ќе биде цел на реформите во социјалната заштита. Затоа, го повикувам Собранието побрзо да ги изгласа реформите и веќе во 2020 година да ги гледаме првичните ефекти“, рече Царовска.

Според Петар Атанасов, заменик министер за образование и наука,

Реџеп Али Чупи, претставник на Ромскиот Образовен Фонд, објасни дека овој фонд е формиран во 2005 година во рамки на Декадата за вклучување на Ромите.

„Преку своите активности, РЕФ промовира вклучување на Ромите во сите аспекти и степени на националните образовни систем на земјите кои учествуваа во Декадата за вклучување на Ромите, како и други земји кои сакаат да се вклучат во овие напори. Во Република Северна Македонија, РОФ уште од самото негово основање почна да финансира проекти за подобрување на образовните можности за учениците Роми. Позитивните ефекти кои досега ги дадоа имплементираните проекти и систематизацијата на дел од нив во јавни политики финансирани од државата се најголем доказ дека постигнувањата кај учениците Роми не заостануваат во споредба со другите ученици не-Роми кога им се обезбедуваат неопходни услови и поволни можности за образование“, потенцираше Али Чупи.

Според него, новата стратегија на Ромскиот Образовен Фонд, 2021-2030 година, се темели на три стратешки цели, односно добри резултати од учењето и транзиција на пазарот на трудот и јавното – политичко лидерство, инклузивен висококвалитетен образовен систем и РЕФ како препознатлив ресурс и центар за застапување.

Настанот обезбеди форум за дискусија меѓу претставници на институциите, властите, граѓанските организации и меѓународните организации, како и ромски студенти и активисти и други релевантни субјекти за вклучување на Ромите, реформите во образованието и политиката за вработување во Република Северна Македонија. Настанот понуди можност за дискусија на прашања поврзани со идентификување, адресирање и решавање на прашањето на раниот детски развој, вклучувањето на ромските деца во детските градинки, образованието на ромската младина и непречената транзиција на пазарот на труд и вработување.

 

МИА – ОТС Комерцијални соопштенија 

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Back to top button
Close