0_Спорт.ПорталДописници МКДОпштински вестиОстанатоСпорт

Штипскиот градоначалник на средба со каратистот Емил Павлов и борачот Владимир Егоров

Каратистот Емил Павлов и борачот Владимир Егоров, кои деновиве од евопските првенства се вратија со бронзени медали денеска оставрија средба со градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски.

Штип, 15 април 2019 (МИА) – Каратистот Емил Павлов и борачот Владимир Егоров, кои деновиве од евопските првенства се вратија со бронзени медали денеска оставрија средба со градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски.

Павлов е член на Карате клубот-Штип, а Егоров на боречкиот клуб „Балканец“.

Бочварски потенцираше дека Општина Штип им стои на располагање за секаква помош, бидејќи овие двајца спортисти се амбасадори на Штип и затоа поддршката е голема.

-Се работи за двајца успешни спортисти коишто и во изминатите неколку недели имаа успешни натпревари на европските првенства и донесоа бронзени медали. Општина Штип е единствениот град во Република Северна Македонија којшто оваа година има вакви големи успеси и јас верувам дека овие успеси ќе продолжат и понатаму, рече Бочварски.

Емил Павлов и Владимир Егоров ја искажаа својата благодарност за овој прием и потенцираа дека резултатите ќе продолжат и во иднина со што ќе носат радост на Штип и на државата. вдј/аа/

Back to top button
Close