Дописници МКДОпштински вести

Се решава долгогодишниот проблем со улицата „Македонска“ во Делчево

Со реконструкција на улицата „Македонска“, во Делчево започна решавањето на долгогодишниот проблем кој го имаа жителите од населбата Милково Брдо.

Делчево, 4 април 2019 (МИА) – Со реконструкција на улицата „Македонска“, во Делчево започна решавањето на долгогодишниот проблем кој го имаа жителите од населбата Милково Брдо.

Градоначалникот Горан Трајковски денеска направи увид во текот на работите, при што истакна дека решавањето на инфраструктурата останува и понатаму  број еден приоритет за Општина Делчево.

– Во тек се градежните работи за реконструкција на дел од улицата „Македонска“ со која е опфатена должина од 190 метри  и со која е предвидено отстранување на стариот асфалтен слој и старите рабници
и поставување нов слој асфалт и нови рабници. Неопходна беше реконструкцијата на оваа улица, каде претходно беше поставена атмосферска канализација. Со новиот асфалт, со претходното тампонирање, нивелирање на постојните шахти и сливници, секако и со поставувањето на новите рабници, ќе се добие современа сообраќајница, рече Трајковски.

Вредноста на реконструкцијата додаде, изнесува приближно милион и 700 илјади денари, средства кои се обезбедени од буџетот на Општина Делчево.

Градежните работи ги изведува делчевската фирма СД „Транс“, а тие треба да завршат до крајот на месец мај. вс/см/

Back to top button
Close