Дописници МКДОпштински вести

Се oсветлува новата пешачко-рекреативна патека во Крива Паланка

Надлежните служби одговорни за јавно осветлување денеска отпочнаа со поставување декоративни светилки-канделабри на пешачката патека „Висока зона лев брег на Крива Река“ во Крива Паланка.

Крива Паланка, 12 април 2019 (МИА) – Надлежните служби одговорни за јавно осветлување денеска отпочнаа со поставување декоративни светилки-канделабри на пешачката патека „Висока зона лев брег на Крива Река“ во Крива Паланка.

– Во рамки на тековните активности градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски,  и стручни лица од општинската администрација денес извршија обиколка на теренот и  увид во активностите на повеќе локации во општината. Процесот на поставување декоративни светлечки тела, предвидени  со изградбата на пешачката патека -локалитет висока зона-лев брег е една од завршните активности пред официјалното пуштање во употреба на пешачката патека, информираат од службата за комуникација со јавност при општината.

Изградбата на пешачката патека е спроведена во рамки на проектот „Туризам без граници“ финансиран од ИПА-програмата на Европската унија за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово. ид/аа/

Таг
Back to top button
Close