0_Македонија.ПорталДописници МКД

Се гради фекална канализација на улица ,,Новопроектирана” во Македонска Каменица

Жителите на улицата ,,Новопроектирана" која се наоѓа во населбата Стара Каменица, конечно ќе добијат фекална канализација. Канализацијата, како што информира Влатко Андоновски, директор на јавното претпријатие „Камена Река", ќе се гради во должина од 380 метри.

Македонска Каменица, 16 април 2019 (МИА) – Жителите на улицата ,,Новопроектирана” која се наоѓа во населбата Стара Каменица, конечно ќе добијат фекална канализација. Канализацијата, како што информира Влатко Андоновски, директор на јавното претпријатие „Камена Река”, ќе се гради во должина од 380 метри.

-Во насока на подобрување на условите за живот на жителите од приградските населби во општина Македонска Каменица, од страна на ЈП „Камена Река“ се спроведуваат финални градежни активности за изградба на нова фекална канализација на улица „Новопроектирана“ во Стара Каменица. Изградената 380 метри долга фекална канализациска мрежа е од огромно значење за жителите од овој дел на Македонска Каменица, информира Андоновски.
Во следниот период, на овој дел од општината додава, ќе започне изградба на нова водоводна мрежа, за која во подготовка е потребната проектна документација.
Јавното претпријатие Камена Река од синоќа повторно го нормализираше водоснабдувањето, откако вчера од утринските часови без вода за пиење беа жителите од улиците Илинденска, Македонска, Езерска и дел од улицата Осоговска. вс/вг/

Back to top button
Close