Дописници МКДОпштински вести

Се градат нови занимални во Кривопаланечката градинка „Детелинка”

Во тек е изградба на две нови заминални со кои ќе се прошири сместувачкиот капацитет на детската градинка„Детелинка” од Крива Паланка. Изградбата е во напредна фаза,а средства се обезбедени од проектот за кој општина Крива Паланка преку Министерството за труд и социјална политика обезбеди финансиски средства од фондацијата „Отворено општество” за пренамена, адаптација и проширување на капацитетите на градинката.

Крива Паланка, 15 април 2019 (МИА) – Во тек е изградба на две нови заминални со кои ќе се прошири сместувачкиот капацитет на детската градинка„Детелинка” од Крива Паланка. Изградбата е во напредна фаза,а средства се обезбедени од проектот за кој општина Крива Паланка преку Министерството за труд и социјална политика обезбеди финансиски средства од фондацијата „Отворено општество” за пренамена, адаптација и проширување на капацитетите на градинката.
Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски со стручен тим од општината изврши увид во активностите.
Директоркатна ОЈУДГ „Детелинка” Мирка Јакимовска рече дека оваа установа се соочува со недостиг на просторни услови за работа со дечињата, поради што подолг временски период се прошируваат групите за работа.
-Со овој проект кој се реализира во објектот „Пролетна роса” ќе се направи исчекор кон овозможување поголем комфор за сместување и згрижување на децата од предучилишна возраст. Проширувањето на капацитетот на градинката  беше неопходен, досега се згрижени 180 дечиња,а со опремување на двете нови занимални ќе се зголеми за четириесетина, изјави Јакимовска.
Вкупната вредност на проектот е два милиони денари, еден милион ќе биде инвестиран за изведување на градежните работи, а милион денари се издвоени за внатрешно уредување со мебел и останата опрема.
Градинката „Детелинка” располага со три објекти, „Пролетна роса” на главната улица кај населба Житен склад, „Поточиња” во центарот на градот и „Виножито” во  населба Осичка маала.
-Со проширување на капацитетите планираме да се формира една група за дечиња во градинка и една целодневна школска група, дополни Јакимовска.
Тековно рече се работи на обезбедување средства за реализација на проектот за надградба со уште еден кат на централниот објект на „Поточиња” каде ќе можат да се згрижуваат и дечиња во јасли, бидејќи досега две групи јасли функционираат само во клонот на градинката на ул.Св.Јоаким Осоговски. ид/ац/

Back to top button
Close