0_Спорт.ПорталФудбал

Рекордни 25 камери и дрон ќе го снимаат „Дер Класикер“ за 205 држави

Натпреварот ќе биде пренесуван директно во 205 земји во светот, а 16 водечки телевизии ќе емитуваат директно од Минхен. 260 лица ќе работат за различни телевизии од местото на настанот.

Минхен, 4 април 2019 (МИА) – Целиот свет со нетрпение го очекува саботното дерби помеѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, кое ќе биде „Дер Класикер“ бр.100 во Бундеслигата.

Весникот „Билд“ информира дека дуелот ќе постави рекорд по бројот на користени камери. Се очекува на стадионот „Алијанц Арена“ во Минхен да работат цели 25 камери, наместо вообичаените меѓу 19 и 21.

Дополнителната опрема ќе биде искористена заради хистеријата пред натпреварот, бидејќи е најверојатно исходот од дербито да одлучи за битката за „сребрената салатиера“.

Еден дрон ќе се движи над теренот, а зад головите ќе бидат монтирани специјални камери, кои ќе пуштаат „слоумоушн“ слика. Ќе има камери и околу знаменцата за извршување на корнер.

Натпреварот ќе биде пренесуван директно во 205 земји во светот, а 16 водечки телевизии ќе емитуваат директно од Минхен. 260 лица ќе работат за различни телевизии од местото на настанот. вз

Таг
Back to top button
Close