Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Први резултати во Финска: Води Социјалдемократската партија

Според првичните резултати, Социјалдемократска партија освои 18,9 отсто на парламентарните избори во Финска, додека Партија на народната коалиција освои 17,2 отсто од гласовите.

Хелсинки, 14 април 2019 (МИА) – Според првичните резултати, Социјалдемократска партија освои 18,9 отсто на парламентарните избори во Финска, додека Партија на народната коалиција освои 17,2 отсто од гласовите.

Како што е наведено, се работи за гласови на граѓани кои имаа можност да гласаат порано, околу 1,5 милиони или околу 36 отсто од вкупниот број гласачи.

Официјални лица соопштија дека останува да се пребројат уште 300.000 гласови од граѓаните кои претходно гласале, додека резултатите од редовното гласање ќе постигнат во текот на ноќта.

Избирачките места беа отворени во 9 часот, а затворени во 17 часот по локално време.ир/

Таг
Back to top button
Close