0_Македонија.ПорталBiznis.SlajderБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Презентација на Инструментот за кофинансирани грантови во Струмица

Регионалниот центар на Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија во Струмица, денеска, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, ќе го презентира Инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации.

Скопје, 24 април 2019 (МИА) – Регионалниот центар на Фондацијата за развој на мали и средни претпријатија во Струмица, денеска, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, ќе го презентира Инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации.

Презентацијата е дел од циклусот што веќе се одржува низ повеќе градови во земјата, а целта е јавноста и целните групи да се информираат за Инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации, наменет за микро, мали и средни претпријатија од сите сектори.

Инструментот е наменет и за приватни здравствени установи кои сакаат да развијат иновативен производ, услуга или процес, сами или во соработка со друго претпријатие, установа која врши високообразовна, односно научноистражувачка дејност или ПЗУ. мч/сст/

Back to top button
Close