Дописници МКДОпштински вести

Претставници на „UN Women“ во Општина Велес

Претставници на „UN Women“, тело на ОН за родова еднаквост и зајакнувањето на жените, денеска разговаа со претставници од Општина Велес и градоначалникот Аце Коцевски и им го претставија проектот „Промоција на родово одговорни политики и буџети кон транспарентно, инклузивно и одговорно управување во Република Северна Македонија“.

Велес, 10 април 2019 (МИА) – Претставници на „UN Women“, тело на ОН за родова еднаквост и зајакнувањето на жените, денеска разговараа со претставници од Општина Велес и градоначалникот Аце Коцевски и им го претставија проектот „Промоција на родово одговорни политики и буџети кон транспарентно, инклузивно и одговорно управување во Република Северна Македонија“.

– Главна цел на проектот е да им се подобри животот на жените и да се поддржат на најранливите групи преку систематски и оджлива интеграција на родовите песпективи во сите фази на националните и локалните процеси на општеството и креирање на политики и буџетирање, појасни Ивона Пауновиќ Бишевац, национален проект-координатор за родово одговорни политики и буџети.

Од Општина Велес најавија и скоро потпишување на меморандумот за соработка, со цел за поскоро започнување со реализација на проектот. ад/см/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close