СветСвет.Портал

Поранешниот алжирски премиер Ујахја под истрага за корупција

Поранешниот алжирски премиер Ахмед Ујахја денеска беше изведен пред суд во рамки на истрагата за корупција, што новите власти во Алжир ја покренаа против повеќе истакнати поранешни функционери и бизнисмени.

Алжир, 30 април 2019 (МИА) – Поранешниот алжирски премиер Ахмед Ујахја денеска беше изведен пред суд во рамки на истрагата за корупција, што новите власти во Алжир ја покренаа против повеќе истакнати поранешни функционери и бизнисмени.

Со истрагата покрај Ујахја се опфатени и поранешниот министер за финансии Абдеррахман Рауја и неколкумина олигарси блиски до сменетиот долгогодишен претседател на Алжир, Абделазиз Бутефлика.

По денешното сослушување на Ујахја, Судот треба да донесе одлука дали постојат доволно докази за подигнување обвинение за корупција против него.

Ујахја и неговите адвокати не сакаа да ја коментираат покренатата истрага.

За време на сослушувањето на поранешниот премиер, пред Судот се собраа група демонстранти кои носеа транспарент „Пикнете го Ујахја во затвор“.

Ујахја беше премиер на Алжир во четири наврати – од декември 1995 до декември 1998, од мај 2003 до мај 2006, од јуни 2008 до септември 2012 и од август 2017 до март 2019 година. сп/

Таг
Back to top button
Close