0_Web_АктуелноСветСвет.Портал

Поради војната во Либија 800.000 луѓе би можеле да тргнат кон Европа

Војната во Либија би можела да принуди повеќе од 800.000 мигранти да тргнат кон европските брегови, предупреди шефот на меѓународно признатата либиска Влада, Фајез ел Сараџ.

Триполи, 16 април 2019 (МИА) – Војната во Либија би можела да принуди повеќе од 800.000 мигранти да тргнат кон европските брегови, предупреди шефот на меѓународно признатата либиска Влада, Фајез ел Сараџ.

– Нема да бидат само 800.000 мигранти подготвени да тргнат, туку и Либијци ќе бегаат од војната, бидејќи во јужниот дел на Либија повторно се активирале борците на џихадистичката група Исламска држава, истакна Сараџ во интервју за италијански медиуми.

Либија е и одредиште и транзитна земја за африканските мигранти кон европските брегови.

– Соочени сме со агресивна војна, која би можела да го прошири своето зло низ Медитеранот. Италија и Европа мора да бидат обединети и строги во спречувањето на војната на Калифа Хафтар, човекој кој ја предаде Либија и меѓународната заедница, додава Сараџ, нагласувајќи дека „уништувањето ќе ги зафати и соседните земји“. гт/

Таг
Back to top button
Close