0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталВидео изјаваОпштествоПретседателски избори 2019

Подмладоците на политичките партии се заложија за фер, слободни и демократски избори

Дваесет и девет подмладоци на политичките партии денеска ја потпишаа Декларацијата за слободни, фер и демократски избори. 

Скопје, 12 април 2019 (МИА) – Дваесет и девет подмладоци на политичките партии денеска ја потпишаа Декларацијата за слободни, фер и демократски избори.

Со потпишувањето на Декларацијата, што се одржа во организација на Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид, младите политичари пренесуваат јасна порака до јавноста дека тие, како идни носители на одлуки, имаат силна волја одлучност да бидат идни лидери и преку нивното делување да се борат против говорот на омраза, да создадат поинаква политичка култура и да го издигнат политичкиот дијалог на повиско ниво.

Извршниот директор на Институтот, Билјана Јанева истакна дека со ова четврто потпишување на Декларација, политичките подмладоци од сите партии се се повеќе свесни за својата општествена одговорност, како и за нивната улога во целиот изборен процес.

Беким Мемети од Форумот на млади на ДУИ рече дека чинот на потпишување е многу значаен бидејќи, како што посочи, тие даваат порака не само за младите, туку и за другите политичари кои ќе треба да го следат нивниот пат со цел да отворат добра перспектива за нашата земја.

Претседателот на подмладокот на СДСМ, Дарко Каевски истакна дека со ова потпишување и во изминатиот период покажуваат дека како претставници на политичките подмладоци можат да покажат една сериозна доза на зрелост, на лидерство, со што претставуваат сериозен и добар пример не само на членовите на нивните организации, туку и на повозрасните што ќе треба да го практикуваат, а треба да гарантира фер и демократски избори. Тој рече дека младите очекуваат од нив да покажат дека можат да имаат ваква средба и да разговараат како првенствено овие избори да поминат во најдобар ред и тоа да биде еден натпревар на идеи, визија, на стратетија пред се.

Јован Јаулески, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ, посочи дека како политички подмладоци и како млади луѓе е битно да ја испратат пораката дека заедничките вредности за просперитетна држава ги обединуваат, правото на слободен избор е уставно и законско загарантирано и нивна обврска е да генерираат фер, слободна и демократска атмосфера, со цел граѓаните слободно да го изразат своето право на избор. Потенцира дека очекуваат фер кампања, почитување на сите точки во Декларацијата и натпревар со идеи, програма и стратегија.

Декларацијата за слободни, фер и демократски избори традиционално се потпишува пред секое одржување избори. Декларацијата првпат беше потпишана во 2014 година, а потоа и во 2016 и во 2017 година. рп/са/

 

Back to top button
Close