Svet.SlajderСветСвет.Портал

Почина поранешниот претседател на Перу кој се застрела пред апсењето

Поранешниот претседател на Перу Алан Гарсија почина откако си пукаше во вратот во моментот кога дошла полиција да го уапси. Тој веднаш бил префрлен во болница, но лекарите не успеале да го спасат, јави Би-Би-Си.

Лима, 17 април 2019 (МИА) – Поранешниот претседател на Перу Алан Гарсија почина откако си пукаше во вратот во моментот кога дошла полиција да го уапси. Тој веднаш бил префрлен во болница, но лекарите не успеале да го спасат, јави Би-Би-Си.

Во болница бил превезен во тешка здравствена состојба, доживеал три срцеви напади, по што западнал во кома.

Неговиот личен асистент Рикардо Пињеда прецизираше дека во моментот кога полицијата заѕвонела на вратата со налог за апсење, Гарсија отишол во спалната соба, се заклучил, по што се застрелал.

Тој беше обвинет за земање мито од бразилска градежна компанија, обвиненија – кои тој ги демантираше.

Гарсија (69) беше претседател на Перу од 1985 до 1990 година, а потоа повторно од 2006 до 2011 година. ссм/

Back to top button
Close