Kultura.SlajderКултураКултура.Портал

Пет германски филмови за деца и млади на осмиот „Буф“

Скопје, 15 април 2019 (МИА) – Во организација на Институтот Гете во Скопје, од денеска до 20 април во Кинотеката ќе се одржува осмиот Детски фестивал за слика и филм „Буф“.

Ќе бидат прикажани пет германски филмови за деца и млади: „Џим Копче и Лукас машиновозачот“;„Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета“; „Тим Талер или Момчето што си ја продаде насмевката“;  „Венди 2 – пријателство засекогаш“ и „Помош, ги смалив родителите“. Проекциите се со превод на македонски и на албански јазик.

-Како и претходните години, и оваа година изгледавме многу филмови за да можеме да ви ги прикажеме најдобрите и најактуелните. Се надеваме дека за секого ќе има по нешто возбудливо, емоционално, поучно и забавно, соопштија организаторите на осмиот „Буф“. хс/са/ 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close