0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталПолитички партииПретседателски избори 2019

Пендаровски од Делчево: Поделбите не смеат да продолжат

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски по обраќањето пред граѓаните на Берово продолжи со митинг и во Делчево. Пред граѓаните Пендаровски зборуваше за отворените проблеми кои со години постоеле со соседите, но за година - две биле решени.

Делчево, 5 април 2019 (МИА) – Кандидатот за претседател Стево Пендаровски по обраќањето пред граѓаните на Берово продолжи со митинг и во Делчево. Пред граѓаните Пендаровски зборуваше за отворените проблеми кои со години постоеле со соседите, но за година – две биле решени.

-Во Европа велат ако не можеш да ги решиш проблемите со соседите нема што да бараш во Брисел. Сите тие тешки прашања се решија за година две. За година време потпишавме договор со Бугарија, наместо многу поодамна. Дојде на ред уште потежок договор. Тоа што мислеа дека никој не може да го реши, Заев и Ципрас го решија. Наместо да се расправаат за историја, решија проблем стар со години. Исто така, видлива беше и тешката економската ситуација во државата. Наследивме пустош, особено во економијата. Во трезорот кога оваа влада ја презеде власта немаше пари за пензии и плати. Претходно се беше опљачкано. Од таа позиција да дојдеш до стабилизација и плус да ги решиш проблемите со соседите заслужува огромен аплауз, истакна Пендаровски.

Кандидатот за претседател на Република Северна Македонија зборуваше и за поделеноста меѓу граѓаните, како и за поништувањето на договорот кој, како што вели, го најавува опозицијата.

-Толку многу се поделивме во минатото што тоа не смее да продолжи. Пред вас почитувани граѓани е јасна дилема, дали ќе одиме напред или како што вели опозицијата ќе го поништи договорот со што автоматски се враќаме назад. Затоа мислам дека пред вас е јасна дилема. Или ќе просперираме или ќе се вратиме назад. Тоа е алтернативата, а граѓаните велат да одиме напред, рече Пендаровски пред делчевци.

Причината зошто да се гласа за Стево Пендаровски, како што истакна Анита Цоневска, претставник на невладиниот сектор од Делчево е затоа што тој ќе ја врати вербата на младите во државата.

-Сакам моето дете да се врати овде без да го гледам на скајп, месинџер и вајбер. Затоа верувам дека ни треба претседател кој ќе ја донесе Европа овде. Знам дека Стево Пендаровски може да ја врати вербата на младите во државата, рече Цоневска

Ме поддржуваат 31 политичка партија, но не може да имаат привилегии после мај сите кои гласале за мене, туку мора да се почитува законот и кај мене човекот мора да биде човек, додаде кандидатот за претседател Стево Пендаровски на крај од митингот во Делчево. вс/вј/

Back to top button
Close