ОТС

Оваа година Дуна слави четвртина век постоење

Број на објава:613/04/19
Датум: 10.04.2019 
Клучни зборови:Дуна

 

 

Почнувајќи од 1994 година, постојано носи новитети на пазарот, од првото интернет кафе на Балканот,  до нудејќи комплетно паметни, ИОТ решенија за различни типови на компании и институции.

Иако тука сме 25 години, сеуште не прифаќаме да влеземе во комфорт зоната. Познати сме по тоа што прифаќаме различни предизвици, нудејќи диверзитетно портфолио на производи и услуги и секогаш спремни да развиеме комплетно ново, иновативно решение користејќи различни технологии.

Сакаме да го обележиме нашиот јубилеј, и за тоа во наредниот период планираме нови општествено одговорни проекти, вработувања, новини и попусти. Но полнењето 25 години за нас не е крајното достигнување, и затоа не сакаме да креваме премногу бука, бидејќи целиме да има уште пред нас. Не застануваме со учење на новини, прифаќање глобални трендови, и развивање. Дуна како компанија моментално се чувствува како што и основачите се чувствуваа на слична возраст, пред 25 години: Млади, но зрели, полни со енергија и гладни за повеќе, храбри да прифатат секакви предизвици.

 

 

МИА – ОТС Комерцијални соопштенија 

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Таг
Back to top button
Close