Дописници МКДОпштински вести

Општина Велес работи на повеќе инфраструктурни проекти

Во тек е проектот за партерно уредување на дворот во ССОУ „Коле Неделковски“. Во населбата „Порцеланка“ градежната фирма „Тргоцемент“ врши тампонирање на улицата,  која потоа и ќе се бетонира. Во оваа приградска населба жителите веќе се поврзани на градскиот водоснабдителен систем, а  кој Советот на Општина Велес го предаде на управување на ЈКП „Дервен“. Воедно на овој систем за водоснабдување  ќе можат да се приклучат и други правни и физички лица.

Велес, 4 април 2019 (МИА) – Во тек е проектот за партерно уредување на дворот во ССОУ „Коле Неделковски“. Во населбата „Порцеланка“ градежната фирма „Тргоцемент“ врши тампонирање на улицата која потоа и ќе се бетонира. Во оваа приградска населба жителите веќе се поврзани на градскиот водоснабдителен систем, а  кој Советот на Општина Велес го предаде на управување на ЈКП „Дервен“. Воедно на овој систем за водоснабдување  ќе можат да се приклучат и други правни и физички лица.

Како што информираат од Општина Велес, во село Црквино започнаа работите за асфалтирање на три улици. Во тек се и подготвителните работи со ЈКП „Дервен“ за подобрување на подземната инфраструктура  за водоснабдување на езерото „Младост“ како и на улицата „Трајче Петкановски“ во населбата „Превалец“. Воедно екипи на   ЈКП „Дервен“ работат на поставување на противпожарни хидранти на улицата „Партизанска“ во село Горно Оризари.

Како што потенцираат  од Општина Велес, работите се изведуваат согласно програмските определби на општината за континуирано подобрување на комуналната инфраструктура на жителите од целата општина.

Тие потенцираат дека стручни екипи на Одделението за комунална инфраструктура на општината, вршат  континуиран увид на изведувањето на работите на теренот.

Воедно  потенцираат дека активностите ќе продолжат да се изведуваат,  а согласно зацртаните годишни програми на Општината. ад/дма/

Back to top button
Close