ЕвропаЕвропа.Портал

Опасноста од пожарот во Нотр Дам е неутрализирана, постои сомневање како ќе „преживее“

Опасноста од големиот пожар во париската катедрала Нотр Дам веќе е неутрализирана, но „постојат сомневања како објектот ќе преживее“, изјави денеска државниот секретар во француското Министерство за внатрешни работи Лоран Нунес.

Париз, 16 април 2019 (МИА) – Опасноста од големиот пожар во париската катедрала Нотр Дам веќе е неутрализирана, но „постојат сомневања како објектот ќе преживее“, изјави денеска државниот секретар во француското Министерство за внатрешни работи Лоран Нунес.

– Денеска претпладне ќе имаме средба со архитекти и експерти во обид да се анализира дали структурата е стабилна и дали пожарникарите може да влезат внатре, за да ја продолжат својата работа, изјави тој.

Нунес соопшти дека огнот „е под контрола, но не е целосно изгаснат“.

– Причината за пожарот се уште не е позната, нагласи Нунес. зш/

Таг
Back to top button
Close