Дописници МКДОпштински вести

Нова опрема за кривопaланечките пожарникари

Територијалната противпожарна единица од Крива Плаанка изврши набавка на нови рачни мевови за гасење пожар.

Крива Паланка, 12 април 2019 (МИА) – Територијалната противпожарна единица од Крива Плаанка изврши набавка на нови рачни мевови за гасење пожар.

Набавката е дел од процесот на обнова на постојната опрема, особено по зголемениот број пожари што се случија на подрачјето на општината во текот на март.

-Извршивме надополнување и обнова на постојната опрема на ТППЕ, набавени се седум рачни мевови во вкупна вредност од околу 30 илјади денари. Овие рачни мевови се користат за полесно гасење на пожари на отворено, шумски и полски пожари на непристапни локации за противпожарните возила. Набавката на оваа противпожарна опрема е извршена согласно тековните потреби, но и по големиот број пожари во март, вкупно 36, од кои над деведесет отсто беа шумски пожари и пожари на отворено, предизвикани од палење стрништа, изјави Иле Коцевски, командир на ТППЕ, Крива Паланка.

Во првото тримесечје од годинава на територијата на општина Крива Паланка се случиле вкупно 57 пожари, единаесет повеќе во однос на истиот период во 2018 година.ид/скс/

Back to top button
Close