0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Началникот на ГШ на Словенија, генерал-мајор Аленка Ерменц, во посета на нашата Армија

Процесот на трансформација и модернизација на армијата согласно новиот стратегиски оперативен преглед, учество на Армијата во операции за поддршка на мирот, како и на повеќе мултинационални и билатерални вежби како и ангажирањето на армијата во поддршка на МВР при справување со мигрантската криза, биле дел од темите за кои денеска разговарале началникот на Генералштабот на Словенија, генерал-мајор Аленка Ерменц и началникот на ГШ на Армијата со генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Скопје, 17 април 2019 (МИА) – Процесот на трансформација и модернизација на армијата согласно новиот стратегиски оперативен преглед, учество на Армијата во операции за поддршка на мирот, како и на повеќе мултинационални и билатерални вежби како и ангажирањето на армијата во поддршка на МВР при справување со мигрантската криза, биле дел од темите за кои денеска разговарале  началникот на Генералштабот на Словенија, генерал-мајор Аленка Ерменц и началникот на ГШ на Армијата со генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Како што соопштија од Генералштабот, високата воена делегација на Војската на Република Словенија, предводена од Ерменц која е во официјална посета на нашата Армија, од генералот Ѓурчиновски била уверена дека партнерството меѓу двете армии, кои имаат одлична соработка, ќе продолжи и во иднина во формат како полноправни членки на НАТО Алијансата.

Ѓурчиновски посочил дека преку размена на нашите воени капацитети, заедничкото учество во проектите како Балкански медицински наменски сили, билатералната вежба „Предизвик“, центарот за симулации претставуваат примери за градење на нашите заеднички способности и поддршка на нашата исклучителна соработка.

На средбата, министерката Шекеринска изразила благодарност за поддршката на Република Словенија при нашето зачленување во НАТО. Министерката и честитала на генерал-мајор Ерменц на функцијата началник на Вооружените сили на Словенија. Министарката ја истакнала и брзата ратификација на Пристапниот протокол од страна на Република Словенија, која според неа, е политичка порака дека таа поддршка ќе продолжи и дека двете земји го зацврстуваат партнерството и одбранбената соработка.

Началничката на Генералштабот на Вооружените сили на Словенија Ерменц и честитала на министерката Шекеринска за нејзините залагања во евроинтегративните процеси на земјава и ја истакнала нејзината значајна улога дома и во странство во подготовките за прием на Северна Македонија во НАТО.

На средбата било разговарано и за претстојната голема вежба во јуни на Криволак на која ќе биде домаќин нашата земја, а ќе учествуваат и САД, Бугарија, Албанија, Црна Гора и Литванија.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Во продолжение на посетата, словенечката воена делегација придружувана од заменикот на началникот на ГШ, генерал-мајор Азим Нуредин го посетил баталјонот на воена полиција во касарната „Илинден“ каде се одржал брифинг за единицата, методско показни вежби и презентација и на дел од средствата со кои единицата располага. бк/сд/

Back to top button
Close