Дописници МКДОпштински вести

Набрзо ќе почне реконструкцијата на патот за селото Скудриње

Општина Маврово и Ростуше преку заем од Светска банка обезбеди финансиски средства за проектот за реконструкција, проширување и асфалтирање на локалниот пат за селото Скудриње и набрзо ќе почне со негова реализација.

Ростуше,15 април 2019 (МИА) – Општина Маврово и Ростуше преку заем од Светска банка обезбеди финансиски средства за проектот за реконструкција, проширување и асфалтирање на локалниот пат за селото Скудриње и набрзо ќе почне со негова реализација.

– Преку проект за подобрување на општинските услуги (МСИП 2) ќе се врши целосна рехабилитација на локалниот пат за селото Скудриње во проценета инвестициска вредност од 13.840.785 денари. Со проектот планирано е проширување и асфалтирање на локалниот пат од местото Пороишта до старата амбуланта, во должина од околу 2.500 метри, изјави Фикрет Ибрами, портпарол на општината.

Според него, со реализација на овој проект, жителите на селото ќе добијат подобри услови во патната инфраструктура.

– Скудриње со 2.119 жители е најголемо село во општината, жителите се принудени да го користат стариот пат за пристап до селото зашто новиот пат, иако изграден пред неколку години, не е безбеден за движење поради појавата на низа свлечишта што предизвикуаат опасност од одрони и небезбедни услови за движење, додава Ибраими.

Токму поради тоа, посочува, приоритет како за општината, така и за жителите на ова населено место е реализацијата на овој проект, со цел овозможување безбеден пристап до селото.

Ибрами нагласува дека ова е само еден од повеќето проекти што се приоритет на локалната власт, со цел подобрување на патната инфраструктура во општината, што ќе го олеснат функционирањето на транспортниот систем, подобрување на условите на живот на жителите преку обезбедување здрава вода за пиење, како и намалување на метежот и овозможување непречено движење во неколку населени места преку изградба на паркинг простори. вт/бт/

Back to top button
Close