0_Магазин.ПорталЗанимливости

На небото вечер ќе има „розова Месечина“

Априлската полна Месечина, попозната како „розова Месечина", ќе се случи вечерва. 

Скопје, 19 април 2019 (МИА) – Априлската полна Месечина, попозната како „розова Месечина”, ќе се случи вечерва.

Имено, Месечината денеска ќе изгледа поголема од вообичаено, бидејќи е три дена оддалечена од перигејот – точката во месечевата орбита кога таа е најблиску до Земјата.

„Розовата Месечина” го добила називот не по својата боја, туку по розовиот див цвет флокс кој цвета во рана пролет, а името ѝ го дале домородните Американци.

Месечевиот диск, сепак, може да добие црвеникави и портокалови нијанси.

Следната полна Месечина ќе биде „цветниот Месец” на 18 мај. си/сп/

Таг
Back to top button
Close