Скопје, 13 април 2019 (МИА)На 12.04.2019 година во 18,40 часот на граничен премин ,,Табановце“, на влез во Република Северна Македонија, по извршена пасошка контрола констатирано е дека Д.П (56) од Република Србија, со српска лична карта и патничко моторно возило марка „Ауди Q5“ со српска национална ознака, сопственост на неговата ќерка М.П., е предмет на потрага поради сомнение за сторено кривично дело ,,тешка кражба“. Лицето е приведено.

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за недозволена трговија, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Д.К. (56) од Скопје поради постоење на основи на сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик. На 11.04.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес на дом и други простори на ул.„Дижонска 1“, каде што престојува пријавениот. При претресот биле пронајдени и одземени пиштол „Застава М57“ калибар 7,62мм, пиштол „Црвена Застава М57“ калибар 7,62мм и девет куршуми калибар 7,62 мм. По преземени мерки било утврдено дека еден од пиштолите е предмет на кражба.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.А.(21) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 06.02.2019 во Куманово полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана.

На 12.04.2019 година во 18,30 часот на патот од с.Пепелиште кон армискиот полигон „Криволак“, во близина на бензинска пумпа, Н.С. (61) од с.Криволак, управувајќи мотоцикл „Shineray 125“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Н.С се здобил со тешки телесни повреди, по што со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Општата болница Кавадарци. Увид на лице место извршила увидна екипа на ПС-Неготино.

На 12.04.2019 год. во 20.05 часот З.К (74) од Скопје пријавил дека на бул. „Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.

На 13.04.2019 година во 00.50 час. Н.Б(45) од Скопје во Полициската станица од општа надлежност во Драчево пријавила дека на 12.06.2019 година околу 23.00 часот во паркот „Бранители“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник во пределот на левата надколеница. миа/миа/

Back to top button
Close