Најава на настани

МИА Најави МКД (ДПЛ)

29 aприл 2019

29 aприл 2019

Скопје – Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан по повод Воскресение Христово втор ден, ќе богослужи во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Центар. (09:00)

Демир Хисар – Почнува празнувањето на споменот на Свети Кипријан Слепченски, вечерна богослужба во манастирот „Св.Јован Претеча“ во селото Слепче. (16:00)

Претседателски избори 2019:

Штип – Кандидатот за претседател од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски ќе ја посети Спомен куќата на „Киро Глигоров“. (Изјава за медиуми 13:15)

Струмица – Кандидатот за претседател од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски во посета на Струмица. (Изјава за медиуми пред споменикот на „Борис Трајковски“/ 15:00)

Скопје – Кандидатот за претседател од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски и  заменик-претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска ќе учествуваат на отворена граѓанска трибина во Општина Аеродром. (парк „Јане Сандански“/19:30 )

Кичево – Кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова ќе ја посети црквата „Св. Петар и Павле“ во Кичево по што ќе оствари средби со граѓаните. (12:00 до 13:30, изјава за медиуми во центарот на Кичево/13:15)

Струга – Кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова ќе прошета по о десниот кеј на Црн Дрим во Струга каде ќе има  средби со граѓани и со млади. (14:30 до 16:00)

Охрид – Кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска Давкова ќе ја посети црквата во Каменско (десно од Чинарот) во Охрид по што ќе прошета по чаршијата и ќе оствари средби со граѓани. (17:00 до 19:00)

___________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

 

Back to top button
Close