Најава на настани

МИА Најави – МКД (ДПЛ)

15 април 2019

15 април 2019 
Скопје – Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, државниот секретар Јахи Јахија, советникот за администрација Билјана Жагар Николовска и директорот на Агенцијата за администрација Спасе Глигоров ќе се обратат на јавната расправа за измени на Законот за вработени во јавен сектор и Законот за административни службеници. (Клуб на пратеници/11:00) 
Скопје – Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе биде домаќин на Генералното собрание и состаноци на Комитетот за цени и тарифи и Комитетот за лиценцирање и конкурентност на Регионалната асоцијација на енергетските регулатори (ЕРРА). (х. „Мериот“, фоаје пред конференциската сала Ballromm 1, изјави за медиумите на претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски и на претседателот на Претседателството на ERRA, Март Отс/12:30)
Скопје – Стопанската комора на Македонија ќе одржи прес-конференција на тема „Факторингот како алатка за поддршка на извозно ориентираните компании“. (Стопанската комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат/11:00)
Скопје – Стопанската комора на Македонија, во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој, организира презентација на Инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации. (Стопанската комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат/12:00, изјави за медиумите/11:30)
Скопје – Почнува натпреварот Code App Level Up 5: Startup Edition powered by VIP во организација на EESTEC LC Skopje. (простории на Стопанска комора на Македонија)
Скопје – Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ќе потпише меморандум за соработка со Шангајскиот институт за материја медика при Кинеската академија на науките. (Фармацевтски факултет во предавална 1/9:30)
– Потпишување на меморандумот (11:00, новинарските екипи да пристигнат 10:45)
Скопје – Промоција на претстојните настани на Бордот на европски студенти по технологија – БЕСТ Скопје. (амфитеатар на ФИНКИ/14:00)
Скопје – Црвениот крст на Република Македонија во соработка со Здружението  „Сите сити“  организира прес-конференција по повод традиционалната „Недела на солидарност“ која годинава се одбележува од 15 до 21 април под мотото: „Вашиот прилог – значајна помош“.  (простории на Црвен крст на РМ/11:00)
Скопје – Градоначалникот Петре Шилегов ќе се обрати на последниот финален спортски натпревар од средношколските спортски лиги на Град Скопје. (Малата сала во СЦ „Борис Трајковски“/11:00)

Скопје – На кафе со #ЖениМК до дискусија која ги поставува темелите на општествениот напредок. (кафе „Ланголо“/18:00)

Скопје – Почнува Детскиот фестивал за слика и филм (БУФ). (Кинотека на Северна Македонија)

Скопје –  Прес-конференција на Иницијативен одбор составен од клубови од Прва и Втора  Младинска фудбалска лига, фудбалери, поранешни репрезентативци од националниот тим, судии, тренери и фудбалски работници. (прес сала на СРЦ „Борис Трајковски“, влез кај кугла/13:00)
Скопје – Прес-конференција по повод успехот на македонското борење на последното Европско првенство за сениори во Букурешт, на која ќе се обратат директорот на Агенција за млади и спорт Дарко Каевски, претседателот на Боречката федерација на Северна Македонија, Бетим Вренези и освојувачот на бронзениот медал на ЕП, Владимир Егоров.(Агенција за млади и спорт/11:00)
Претседателски избори 2019:

-Кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски на средби со граѓаните (Старо Нагоричане/15:00, Ранковце/16:30, Крива Паланка/17:50) и на митинг (Куманово, Градски плоштад/20:10) каде обраќање ќе има и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

– Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска-Давкова ќе одржи митинг во Валандово (18:30) и во Гевгелија (20:30)
 – Кандидатот за претседател Блерим Река  на средби со граѓани и митинг во Битола (Културен центар, мала сала/17:00)  и  митинг во село Црнилиште во општина Долнени, каде се  предвидени обраќања на лидерите на движење Беса Билал касами и на Алијанса за Албанците Зијадин Села. (19:00)

______________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close