Најава на настани

МИА Најави – МКД (ДПЛ)

13 април 2019

13 април 2019

Кавадарци – Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе одржи прес-конференција. (Градски плоштад/14:30)

Скопје – Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев ќе дадат изјави за медиуми пред почетокот на еко-акцијата за чистење на Карпош. (Плато пред кафе „Ли“/10:00) 

Скопје – Конференција на тема „Македонски модел на Обединетите нации 2019“ во организација на Коалиција на младински организации. (Европски универзитет/10:00) 

Скопје – Меѓународна конференција за рано откривање рак на дебело црево и ректум.  (Клиничка болница „Аџибадем Систина“, влез Б, 6 кат, амфитеатар/9:00)

Скопје – Прес-конференција „Идни перспективи и предизвици“ по повод првата работилница за трансплантација на коскена срцевина и почетокот на кампањата „Биди срцевина, биди херој“. (Медицински факултет/10:30)

Скопје – Здружението ЦЕТ платформа ќе одржи работилница посветена на програмата Еразмус+ на ЕУ. (Мултимедијален центар Мала станица/12:00)

Скопје – Факултетот за електротехника и информациски технологии организира Отворен ден Е-cofFeEIT. (ФЕИТ/11:00)

Скопје – Стручна работилница за современа сценографија во соработка со афирмирани и активни македонски сценографи, визуелни уметници, режисери и архитекти.

Скопје – Конференција на тема „Да го следам ли својот сон?“ во организација на „Ротари клубот Скопје Камен Мост“. (Меѓународно училиште НОВА/11:00)

Скопје – Одбележување 11 годин од основањето на Бугарскиот културен клуб (БККС). (х.„Холидеј ин“/11:00)

Париз – Промоција на книгата „Париз на Омер Калеши“ на француски јазик, на академик Луан Старова.

Скопје – Концерт на пијаниската Лаума Скриде. (Музеј на македонската борба/20:00) 

Претседателски избори 2019:

– Кандидатот за претседател на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски ќе учествува на настанот Бугарски културен клуб (х.„Холидеј ин“/11:00), на настанот со жени во „Public Room“ (изјава за медиумите/13:30), средби со граѓани на Конче (16:00), ќе одржи трибина во Домот на културата „Ацо Караманов“ во Радовиш (16:40), ќе има обраќање пред граѓаните на Василево (пред Домот на културата/17:50), ќе одржи средба со граѓаните на Босилово (Плоштад/18:30), граѓанска трибина со граѓаните на Ново Село во Домот на културата (19:10), како и граѓански митинг во Струмица (Градски плоштад/20:35)

– Централен митинг на кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова (Скопје, пред Влада/19:00)

– Кандидатот за претседател Блерим Река, поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса, ќе одржи митинг во Гостивар. (19:00)

______________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

 

Back to top button
Close