Најава на настани

МИА НАЈАВИ МКД (ДПЛ)

Скопје – Премиерот Зоран Заев, заменик-министерот за финансии Ширет Елези и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски ќе се обратат на свечената церемонија по повод одбележувањето на 14 Април – Денот на Царинската управа. (Национална филхармонија, мала сала/12:00)

11 април 2019 

Скопје – Премиерот Зоран Заев, заменик-министерот за финансии Ширет Елези и директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски ќе се обратат на свечената церемонија по повод одбележувањето на 14 Април – Денот на Царинската управа. (Национална филхармонија, мала сала/12:00)

Скопје – Премиерот Зоран Заев и директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски ќе се обратат на настан за оддавање признанија на олимпијците од спортските параолимпијади и специјални олимпијади. (Влада на РСМ, свечена сала, инсерти/13:35, изјава за медиуми/13:45, влезот за медиуми преку медија центар)

Варшава – Министерот за надворешни работи, Никола Димитров ќе учествува на подготвителниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите учеснички во Берлинскиот процес.

Скопје – Прес-конференција на Сојузот на стопански комори на Македонија и Фондот за иновации и технолошки развој. (Сојуз на стопански комори на Македонија/10:30)

Скопје –  Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ќе одржи подготвителна седница. (Простории на РКЕ/09:30, изјава за медиуми)

Скопје – Претседателот на Основниот суд Скопје 1 ќе одржи средба со новинари за тековните активности поврзани со работата на судот. (Основен суд Скоје 1/12:00)

Скопје – Саем за образование со универзитети од САД во организација на Американската амбасада, на кој ќе присуствува и в.д. амбасадорката на САД, Сузан Фалатко и ќе даде куса изјава за медиумите. (х. Мериот/17:00 – 19:00) 

Скопје – Градоначалникот на Град Скопје, Петар Шилегов ќе се обрати на отворањето на 14.Генерално собрание на НАЛС Мрежата на здруженија на локалните власти од Југоисточна Европа.(Совет на град Скопје, голема сала/10:00)

Скопје – Изјава за медиуми на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев. (до опожарениот дел на Кејот на Вардар, позади Спортскиот центар „Борис Трајковски”/11:00)

Скопје – Центарот за истражување и креирање политики организира дебата на тема „18 проценти помалку вредни: јазот во платите на мажите и жените во Република Македонија“ по повод Денот на еднаква плата за мажите и жените. (Јавна соба, трети кат/13:30)

Штип – Трибина на тема „Како до подобра животна средина со нови технологии“. (Универзитетски ресторан/10:00, изјави за медиуми/12:00)

Скопје –  Прес-конференција на Независниот синдикат на полицијата. (Пред МВР/12:00)

Скопје – Конференција на тема „Популаризација на културното наследство во Скопје и Скопско во организација на Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. (Институт за македонска литература, амфитеатар на ИМЈ, 1 кат/10:30)

Скопје – Изложба на фотографии „70 години Граѓанска војна“ и промоција на две книги „Песни за егејот“ и „Раскази за егејот“ во организација Републичкото здружение на децата бегалци и нивните потомци од егејскиот дел на Македонија „Т`га за југ“. (Дом на АРМ/12:00)

Струмица – Книжевна средба со Марија Павловиќ и Петар Денчев во организација на Издавачката куќа „Готен“ и Здружението за култура „Транзен“.  („Саут сајд коктел бар“/20:30)

Скопје – Отворање на изложбата „Членови на АНУБиХ-ликовни уметници“. (МАНУ, ликовен салон/20:00)

Претседателски избори 2019:

– Кандидатот за претседател на СДСМ и Коалицијата Стево Пендаровски ќе учествува на настан со млади во Кочани, каде ќе даде изјава за медиуми. (кај споменикот на слободата/13:00), а ќе има и средби со граѓани во Македонска Каменица (15:30), Зрновци(плоштад/17:00) и Виница (плоштад/18:00). Централен митинг ќе одржи во Кочани (спортска сала/20:15)
– Кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова на отворање на штабот на ул. Македонија (до „Барселона“, 12:30), и на митинзи во Општина Центар (18:30) и Општина Кисела Вода (20:30). 
– Кандидатот за претседател Блерим Река, поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса, ќе има средба со граѓани во Долно Јаболчиште (18:30) и во Горно Јаболчиште (19:00).

______________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close