Најава на настани

МИА Најави МКД

25 април 2019

25 април 2019

Скопје – Премиерот Зоран Заев ќе се обрати на тркалезната маса: Економските предизвици и ефекти од евроатланските интеграции, во организација на Институтот за стратегија и развој (ИСД). (хот.„Хилтон“/12:30)

Скопје – Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов ќе учествуваат во акцијата за засадување на 150 садници како дел од акцијата за борба против аерозагадувањето и заштитата на животната средина. (Кеј на Вардар, на потегот од Воениот стадион, изјава за медиуми/11:00, пристигнување најдоцна до 10:30)

Скопје – Министерот за образование и наука Арбер Адеми, директорката на Центарот за стручно образование и обука, Ајше Селмани и оперативната директорка на Стопанската комора, Анета Трајковска ќе ги доделат дипломите на учениците и менторите победници на натпреварот „Лидер на струка“. (Стопанска комора на Македонија/12:00)

Скопје – Конференција на НАТО/ПзМ работната група за напредно далечинско учење. (Собрание на РСМ, Голема купола/9:00)

Скопје – Јавна седница на Државната изборна комисија на која ќе се разгледуваат пристигнатите приговори за претседателските избори. (10:00)

Тетово – Отворен ден на Универзитетот во Тетово, каде што ќе биде презентирана академска понуда на Универзитетот за академската 2019/2020 година. (Ректорат на Универзитетот/10:00)

Скопје – Здруженито на новинари на Македонија, Советот за етика на медиумите во Македонија и Асоцијацијата за заштита на национални печатени медиуми во Македонија ќе одржат прес-конференција на тема „Превенција на говорот на омраза во медиумите во нашата земја“. (Клуб на новинари/11:00)

Скопје – Литургија на Св. Василиј Велики со Вечерна по повод Величетврток. Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан ќе богослужи во храмот „Св. великомаченик Димитриј“ (9:00) и во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“. (18:00)

Скопје – Предавања на Марк Брикман, Мери Овсепјан и Лаурен Делапењса од Универзитетот Оксфорд на Универзитетот за аудиовизуелни уметности. (13:00)

Скопје – Предавање на тема „Using algorithmic information to explain why deep learning works“  на проф. д-р Ард Луис од Универзитетот Оксфорд во организација на Истражувачкиот центар за компјутерски науки и информатички технологии при МАНУ. (МАНУ, амфитеатар/12:00)

Битола – Свечена академија – 40 години Универзитет „Св.Климент Охридски“-Битола. (Народен театар/19:00)

Скопје – Манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце-симбол на Христовото Воскресение“ во организација на Општина Илинден. (10:00)

Скопје – Промоцијата на книгата песни и есеи „Оковано јаболко“ на Санде Стојчевски, во организација на Македонскиот ПЕН-центар и НУБ „Св. Климент Охридски“. (НУБ/19:00)

Скопје – Изведба на „Вердиевиот реквием“ на сцената на Филхармонијата. (20:00)

Претседателски избори 2019:

Охрид – Прес-конференција на Михаил Трендафилов-Нанче од Граѓанско демократската унија. (Простории на партијата/11:00)

_______________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Back to top button
Close