Најава на настани

МИА Најави МКД

22 април 2019

22 април  2019

Скопје – Министерството за животна средина и просторно планирање ќе се вклучи во активностите за одбележување на Еко-час на тема „Вредноста на дивите видови“ по повод одбележувањето на Денот на планетата Земја – 22 Април во организација на Град Скопје. (Зоолошка градина/10:15)

Скопје – Меѓународните набљудувачи од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и
човекови права (ОБСЕ/ОДИХР), Парламентарнот собрание на ОБСЕ (ОБСЕ ПС) и на
Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), кои ги набљудуваа претседателските избори во РСМ ќе одржат прес-конференција на која ќе ги соопштат првичните наоди и заклучоци. (х.„Хилтон“, конгресна сала Платинум/15:00)

Скопје – Претседателот на Управен суд, Бурим Сејдини ќе одржи средба со медиумите во врска со претседателски избори 2019 и предвремените избори за градоначалник на општините Охрид, Ново Село и Дебар. (Кабинет на претседателот на Управниот суд/11:00)

Скопје – Стопанската комора на Македонија ќе одржи прес-конференција на тема „Странски партнери за македонските компании преку европската мрежа на бизнис-можности (Enterprise eurоpe network). (Стопанска комора на Македонија, сала 1, 5. кат/11:00)

Тетово – Дебата на тема „Лажните профили-лажните вести, нивното влијание и ризикот од нив“ во организација на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово. (Правен факултет, амфитеатар бр. 408/11:00)

Скопје – Работилница на тема „Како да се справите со депресијата?Болест или феномен на модерното живеење?“ во организација на Фондацијата „Никола Кљусев“. (Простории на Фондацијата/19:00)

Скопје – Одбележување на Денот на планетата земја – 22 Април во организација на ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“. (12:00)

Скопје – Отворање изложба „Поместени граници“ во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија. (МКЦ/20:00) 

Кавадарци – Отворање изложба на ликовниот уметник Андријана Мациев. (Дом на културата/20:00)

Скопје – „Вечер на соло песни“ рецитал на вокалниот солист бас-баритон Милан Силјанов. (Филхармонија, камерна сала/20:00)

Лисабон – Рецитал на виолинистката Ева Богоевска и пијанистката Маја Стојановска. (Палата Фоз, концертна сала)

Скопје – Концерт македонска музика за пијано во рамки на 42-те Деновит на македонската музика 2019. (Музеј на македонската борба/19:00)

________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close