Најава на настани

МИА Најави – МКД

21 април 2019

21 април 2019

Претседателски избори 2019:

Гостивар – Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе гласа на избирачкото место број 0502 во село Форино. (10:00)

Струмица – Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев ќе гласа на избирачкото место број 1730 по што ќе даде изјава за медиумите. (СОУ „Никола Вапцаров“/11:00)

Скопје – Вицепремиерот Бујар Османи ќе го оствари своето право на глас во ОУ „Адем Јашари”, во скопската општина Чаир. (11:00)

Скопје – Вицепремиерот Кочо Анѓушев ќе гласа  на избрачко место 2544. (Средно угостителско училиште „Лазар Танев“/11:00)

Скопје – Кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски, ќе гласа на избирачко место број 2489 по што ќе даде изјава за медиумите. (Урбана заедница Автокоманда/11:00)

Скопје – Кандидатот за претседател поддржан од БЕСА и од Алијансата на Албанците, Блерим Река, ќе гласа на избирачко место во ОУ „Живко Брајковски“. (11:00)

Скопје – Специјалниот координатор на ОБСЕ, Серејн Мауборн и шефот на делегацијата на Парламентарното собрание на ОБСЕ на набљудувачите Рајнхолд Лопатка ќе го набљудуваат гласањето на избирачко место во ОУ „Јосип Броз Тито“. (Можност за фотографирање/10:00)

Скопје – Шефицата на Набљудувачката мисија на ОДИХР за претседателските избори, Корин Јонкер, ќе ги посети гласачките места во основното училиште „Браќа Рамиз – Хамид“. (Општина Шуто Оризари, ул. „Нов Живот“, изјава за медиуми/12:00) 

Скопје – Прес-конференциии на Државната изборна комисија (10:30, 13:30, 15:30, 17:30, 19:00) и следење на првичните резултати добиени по електронски пат во живо. (по 19:00)

***

Скопје –  Кинезио семинар во организација на Македонското физиотерапевтско
здружение . (аудиторимуот на Жан Митрев Клиника/10:00)

Скопје – Пикник – промоција на „Здраво Скопје“, првиот интерактивен водич на градот. (Градски парк, кај скулптурата Мече/12:00)

________________________________________________________________________________________

***МИА ги објавува местото и времето на одржување на настаните и притоа не презема обврска за реизвестување доколку дојде до промена на најавените термини***

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close