МИА ФлешПакети

МИА Флеш

10:00/30 април 2019

10:00/30 април 2019

Скопје – Освен во католичките парохии во државата, сите заинтересирани граѓани за присуство на централниот настан на 7 мај, света литургија на плоштадот „Македонија“ во Скопје, бесплатни билети ќе можат да подигнат и на улица „Македонија” кај Меморијалната куќа на Мајка Тереза, на излезот од ГТЦ спрема Плоштад „Македонија“ и на влезот од Старата Скопска чаршија (поранешна Стоковна куќа Мост), информира Координативното тело за организирање на посетата на Папата Франциск на Република Северна Македонија.

Берлин – Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан изрази увереност дека Европската комисија кон крајот на мај ќе препорача отворање на преговорите со Северна Македонија и со Албанија.

Скопје – Времето денеска во земјава ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Ќе дува засилен ветер од западен правец.

Белград – Рускиот патријарх Кирил смета дека Вселенската патријаршија може да го примени „украинското сценарио“ за признавање на афтокефалноста и на Македонската православна црква.

Пекинг – Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во говор по повод 100-годишнината од студентските протести во Кина, ја повика кинеската младина да биде лојална кон Комунистичката партија, во обид да ги разгори патриотските чувства.

Лос Анџелес – Познатиот американски телевизиски водител Лари Кинг (85) доживеа срцев удар, по што е пренесен в болница.

Јоханесбург – Јужноафриканците на 8 мај ќе гласаат за нов национален Парламент и нивниот избор ќе биде од кандидати од 48 партии, повеќе од кои било избори од крајот на владеењето на белото малцинство во 1994 година.

Њујорк – Според една студија, од април 2017 година, бројот на самоубиства кај децата на возраст од 10 до 17 години во САД е зголемен за една третина, а тоа зголемување се случило откако Нетфликс почна со прикажување на серијата „13 причини зошто”.

Крајстчрч – Полицијата на Нов Зеланд соопшти дека еден маж е уапсен денеска во Крајстчрч, каде минатиот месец при напад врз две џамии беа убиени 50 луѓе, но се уште не се соопштуваат други детали.

Вашингтон – Пентагон соопшти дека вршителот на должност министер за одбрана, Патрик Шанахан одобрил испраќање на уште 320 војници на границата на САД со Мексико, како поддршка на 5.000 војници кои веќе се распоредени таму.

 

 

Back to top button
Close